Hüseyin Burak Demirer
30 Март 2021•Ажурирај: 31 Март 2021
АНКАРА (АА) - Синоќа во рамките на американската Национална кошаркарска лига (НБА) се одиграа 11 средби. Тимот на Јута Џез, кој има најдобар процент во НБА, 76,1% (35 победи, 11 порази), на домашен терен со 39 поени разлика го совлада Кливленд Кавалирс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Најдобар перформанс во редовите на Џез прикажаа Руди Гоберт со дабл-дабл од 18 поени, 17 скока и 4 блокади, Мајк Конли постигна 18 поени, 5 асистенции и 4 скока, додека Донован Мичел постигна 19 поени, 4 асистенции и 2 скока.
Во редовите на Кавалирс, Колин Секстон постигна 20 поени, 3 скока и 2 асистенции, а Дариус Гарланд го заврши натпреварот со 18 поени, 5 скока и 5 асистенции.
- Клиперс ја извојува својата 6. последователна победа -
Тимот на Лос Анџелес Клиперс, третопласиран во Источната конференција, на домашен терен го пречека Милвоки Бакс. Домаќините го совладаа Бакс со 129:105.
Кај Клиперс најпрецизен беше Маркус Морис со 25 поени и 5 скока, Кавај Леонард постигна 23 поени, 9 скока и 8 асистенции, Лук Кенард 21 поен и 5 скока и Реџи Џексон постигна 20 поени, 3 асистенции и 2 скока.
Кај Бакс, ѕвездата Јанис Антетокумпо постигна 32 поени и 6 скока, а Џру Холидеј го заврши натпреварот со перформанс од 24 поени и 7 асистенции.
- Вестбрук на сопствени плеќи го понесе Визард -
Вашингтон Визардс на домашен терен ја пречека Индијана Пејсерс. Расел Вестбрук прикажа извонреден перформанс и е најзаслужен за победата на Визардс над Пејсерс од 132:124.
На натпреварот против Пејсерс, олстар-ѕвездата Вестбрук постигна трипл-дабл од 35 поени, 21 асистенција и 14 скока, додека Руи Хачимура постигна 26 поени, 8 скока и 3 асистенции.
Кај Пејсерс најдобра игра прикажаа Домантас Сабонис со дабл-дабл од 35 поени, 11 скока и 6 асистенции и Малколм Брогдон со 26 поени, 8 асистенции и 4 скока.
- Резултати:
Вашингтон Визардс - Индијана Пејсерс 132:124
Бруклин Нетс - Минесота Тимберволвс 112:107
Њујорк Никс - Мајами Хит 88:98
Бостон Селтикс - Њу Орлеанс Пеликанс 109:115
Детроит Пистонс - Торонто Репторс 118:104
Оклахома Сити Тандер - Далас Маверикс 106:127
Хјустон Рокетс - Мемфис Гризлис 110:120
Сан Антонио Спарс - Сакраменто Кингс 115:132
Јута Џез - Кливленд Кавалирс 114:75
Голден Стејт Вориорс - Чикаго Булс 116:102
Лос Анџелес Клиперс - Милвоки Бакс 129:105.