Doğa Kırmızıoğlu
29 Март 2021•Ажурирај: 29 Март 2021
АНКАРА
Во рамките на европските квалификации за СП 2022 година, Полска ја совлада Андора со 3:0, а Роберт Левандовски на овој натпревар постигна два погодоци. Репрезентацијата на Данска на домашен терен ја пречека Молдавија, јавува Агенција Анадолија (АА).
На вториот ден од второто коло од европските квалификации за учество на 22-то Светско првенство, што ќе се одржи во Катар, синоќа се одиграа 15 натпревари.
Во групата Д, репрезентацијата на Данска извојува висока победа од 8:0 над Молдавија, од кои еден погодок беше постигнат од пенал. Погодоците за Данска ги постигна Долберг (2) во 19. минута од пенал и во 48. минута, Дамсгаард (2) во 21. и 29. минута, Ларсен во 35. минута, Јенсен во 38. минута, Сков во 81. и Ингвартсен во 89. минута од средбата. Со овој резултат Данска е репрезентација која извојувала највисока победа во досегашните европски квалификации за учество на Светско првенство.
Во групата Ј, репрезентацијата на Северна Македонија на домашен терен го пречека Лихтенштајн. С. Македонија извојува висока победа од 5:0. Првиот погодок за С. Македонија го постигна Енис Барди во 7. минута за водство од 1:0, резултат со кој се замина на полувреме. Во второто полувреме С. Македонија премина во водство со 3:0 благодарение на двата погодока што Александар Трајковски ги постигна во 51. и 54. минута. Елиф Елмас во 62. минута постигна погодок за водство на С. Македонија од 4:0, а конечните 5:0 ги постави Илија Несторовски со удар од белата точка во 82. минута.
Германија како гостин со резултат 0:1 ја совлада Романија. Погодокот за гостите го постигна Гнаби во 17. минута од средбата.
Во групата Ц, Италија ѝ гостуваше на Бугарија. Гостите извојуваа победа од 0:2, а погодоците ги постигнаа Белоти во 43. минута со удар од белата точка и Локатели во 83. минута.
Во групата Б, Косово на домашен терен ја пречека Шведска. Домаќините доживеаја висок пораз од 0:3.
Во групата И, Полска на домашен терен ја пречека Андора. Репрезентацијата на Полска со резултат 3:0 ги совлада гостите. Левандовски постигна два погодоци во 30. и 56. минута, а еден погодок постигна Свидерски во 88. минута.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Косово - Шведска 0:3
Бугарија - Италија 0:2
Швајцарија - Литванија 1:0
Украина - Финска 1:1
Израел - Шкотска 1:1
Австрија - Фарски Острови 3:1
Сан Марино - Унгарија 0:3
Полска - Андора 3:0
Северна Македонија - Лихтенштајн 5:0
Романија - Германија 0:1
Казахстан - Франција 0:2
Грузија - Шпанија 1:2
Албанија - Англија 0:2
Данска - Молдавија 8:0
Ерменија - Исланд 2:0.