Alma Dekovic
19 Јануари 2024•Ажурирај: 24 Јануари 2024
МЕЛБУРН (АА) - Првиот светски рекет на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, во својот 100-ти меч на Австралија опен ја забележа својата 92 победа и избори место меѓу 16-те најдобри тенисери на првиот Гренд Слем турнир сезонава, пренесува Анадолу.
Само Роџер Федерер (117) и Серена Вилијамс (105) одиграле повеќе мечеви на Австралија опен, првиот голем турнир сезонава.
Ѓоковиќ во 16-финалето го совлада Аргентинскиот тенисер Томас Ечевери со 3:0 ( по сетови 6:3, 6:3, 7:6 [7:2] ).
Ѓоковиќ откако по 16 пат се пласираше во четвртото коло на Австралија опен, рече дека ова е најдобар скор што досега го имал на овој турнир.
Во четвртото коло Ѓоковиќ ќе игра против Французот Адриан Манарино.