Bakir Tiro
27 Април 2017•Ажурирај: 29 Април 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Стокхолм, главниот град на Шведска, се откажа од кандидатурата за домаќин на Зимските олимписки игри за 2026 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Градската управа не беше сигурна дали ќе може да обезбеди државна политичка поддршка за најавената кандидатура, која предизвика и неизвесност околу трошоците во евентуалната кампања. Како резултат на тоа, не сакајќи да влезе во ризик, Стокхолм ја повлече кандидатурата.
Одлуката за домаќин на ЗОИ 2026, Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ќе ја донесе во 2019 година.
Стокхолм претходно беше организатор на Олимпијада, но Летна олимпијада во 1912 година.