Ekip
26 Април 2017•Ажурирај: 27 Април 2017
ЛОНДОН (АА) - Даночните органи на Велика Британија објавија дека се уапсени неколку лица кои работат во професионалниот фудбал поради сомнеж дека затаиле данок, јавува Anadolu Agency (AA).
Кралската агенција за приходи и царина (HMRC) соопшти дека инспекторите ги уапсиле споменатите ллица по извршениот претрес на простории во североисточниот и јужниот дел на Англија, но не е наведено кои клубови се вклучени во истрагата. ХМРЦ во соопштението истакнува дека утринава 180 нивни службеници се распоредени во Англија и во Франција.
Агенцијата наведе дека акцијата е изведена со помош на француските власти, кои извршиле неколку апсења и претреси на неколку локации.
Од ХМРЦ се истакнува дека оваа кривична истрага испраќа јасна порака дека кој и да направи даночна измама, може да очекува да се соочи со последиците.
Британските медиуми објавија дека во рамките на истрагата се претресени канцелариите на Њукасл јунајтед на стадионот „Сент Џејмс“ и на Вестхем јунајтед на Олимпискиот стадион во Лондон.
Според истите наводи, меѓу уапсените е Ли Чарнли, генерален директор на Њукасл.