Gamze Türkoğlu Oğuz
07 Април 2017•Ажурирај: 07 Април 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Во главниот град на Шведска, Стокхолм, камион влета во една голема стоковна куќа, при што три лица го загубија животот, јавува Anadolu Agency (AA).
Шведското радио пренесе дека во несреќата загинаа три лица, додека пак, Шведската радиотелевизија „СВТ“ објави дека од областа се слушнале звуци од оружје
Полицијата соопшти дека добиле дојава оти едно возило повредило некоку лица на улицата „Дротнингатан“, во центарот на градот.