Atila Altuntaş
26 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Непознати напаѓачи влегле во месџидот Бреденг, во главниот град на Шведска, Стокхолм, и на ѕидот нацртале кукаст крст и порака „смрт за муслиманите“, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за месџид кој делува во рамките на Управата за верски работи на Република Турција (дијанет), а напаѓачите покрај расистичката порака на ѕидот, се обиделе и да го запалат верскиот објект.
Претседателот на турско-муслиманскиот културен центар во Бреденг, Орхан Каран, изјави дена нападот се случил утрово по утринската молитва.
„Напаѓачите влетале во месџидот утрово и на ѕидот нацртале кукаст крст и порака ‘смрт за муслиманите’, и се обиделе да предизикаат пожар“, изјавил Каран.
Шведската полиција е информирана за овој случај, по што пристигнала во месџидот и направила записник.
Пред помалку од два месеци на ѕидот на една од најголемите џамии во Стокхолм исто така беше напишано: „Исламот е вера на злото“.