Ekipa
27 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Пет лица загинаа при пад на хеликоптер во Каспиското Море на северниот дел од Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација ја потврди Иранската новинска агенција ИРНА, која пишува дека во хеликоптерот се наоѓале пет лица и дека сите смртно настрадале.
Претставникот на северната иранска покраина Мазандаран, Халек Саџади, изјави дека хеликоптерот припаѓал на Националната иранска нафтена компанија и дека бил во мисија на пренесување повредени лица од нафтена платформа.
Според пишувањето на ИРНА, несреќата е предизвикана како резултат на технички дефект на леталото.