Aybala Arpacı
27 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Пентагон соопшти дека ниту еден американски војник не загинал во вчерашните екзплозии во населбата Тел Темур, во сирискиот град Хасеке, што се случија во кампот на терористичката органиација ПЈД којашто е огранок на ПКК во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјален претставник на Пентагон во одговорот на прашањето на новинарот на АА рече дека во Сирија нема загинати американски војници.
„Ние немаме инфомрации од ваков вид. Можам да потврдам дека ниту еден американски војник којшто бил на служба во Сирија не загинал“, истакна официјалниот претставник на Пентагон во врска со експлозијата во кампот во Хасеке.
ПЈД соопшти дека во експолозијата во кампот во Тел Темур животот го загубиле 5 американски војници и 2 водачи на терористичката организација ПКК.