Ekipa
09 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Осомничениот напаѓач, кој во петокот со украден камион удри во пешаци пред трговски центар во Стокхолм, при што загинаа четири лица, идентификуван е како Узбекистанец на којшто претходно му било отфрлено барањето за азил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јан Eвансон, официјален претставник на полицијата, изјави дека шведската влада во јуни минатата година го одбила барањето за азил на 39-годишникот, но дека полицијата не можела да го пронајде поради депортација бидејќи не бил на адресата којашто ја пријавил.
Полицијата истакна дека осомничениот беше наклонет кон екстремистичките организации.
Во притвор се задржани пет лица, а полицијата во Стокхолм од петокот досега испрашала повеќе од 500 луѓе.
Во нападот загинаа четири лица, граѓани на Велика Британија, Белгија и Шведска, а беа повредени 15 лица, од кои 10 потешко.