Ekipa
09 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
МОГАДИШУ (АА) - Во главниот сомалиски град Могадишу, во близина на зградата на Министерството за одбрана е изведен самоубиствен бомбашки напад врз конвој на командата на вооружените сили. Во експлозијата животот го загубија 13 лица, додека 10-тина се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на безбеднисите сили, Ахмед Нур Ахмед, за АА изјави дека командантот на вооружените сили Мухамед Ахмед Џемали по церемонијата на преземање на новата функција, тргнал на пат.
Ахмед изјави дека според првите проценки, во нападот на бомбашот-самоубиец, кој за цел го имал возилото на командантот Џемали, животот го загубиле 13 лица од кои поголемиот дел цивили, додека 10 лица се ранети.
Ахмед соопшти дека командантот на вооружените сили Џемали се наоѓа во добра здравствена состојба, но е загрижен поради можноста за зголемување на бројот на загинати.
- Организацијата Аш-Шабаб ја презеде одговорноста за нападот -
Терористичката организација Аш-Шабаб, преку интернет соопшти дека изведениот самоубиствен бомбашки напад е нивно дело.
Пред една недела беше извршена промена на функциите на високи државни претставинци во Сомалија. Во рамките на поставувањето нови функции кои ги опфаќаат позициите на претседателот на заедничките операции и командантот на полициските сили, во Сомалија на позицијата раководител на Одделот за разузнавање е поставен поранешниот амбасадор на Сомалија во Анкара, Мухамед Абдула Сенбелулеши.