Fatih Erel
02 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
НИОН (АА) – Турската фудбалска федерација (ТФФ) официјално аплицираше за домаќин на Европското првенство во 2024 (ЕУРО 2024), јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на ТФФ, Јилдирим Демирорен, му го предаде официјалното барање за домаќин на ЕУРО 2024 на генералниот секретар на УЕФА, Теодоре Теодоридис, во седиштето на УЕФА во швајцарскиот град Нион.

Утре завршува рокот за аплицирање за домаќин на Европското првенство.
Во меѓувреме и Германија го поднесе официјалното барање во УЕФА.