Tufan Aktaş
16 Јули 2021•Ажурирај: 17 Јули 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Џулиус Секитолеко, кревачот на тегови од Уганда, кој отпатува во Јапонија за да учествува на Олимписките игри во Токио, е пријавен како исчезнат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Новинската агенција „Кјодо“, 20-годишниот кревач на тегови од Уганда исчезнал во западна Јапонија додека се подготвувал за Олимписките игри во Токио, кои ќе започнат следната недела.
Исчезнувањето на спортистот го забележаа градските власти, откако требало да му се направи тест за Ковид-19. Полицијата се обидува да утврди каде се наоѓа спортистот.
Двајца од спортистите од Уганда кои дојдоа во Јапонија на 19 јуни, претходно беа позитивни на Ковид-19.