спорт

Саутгејт: „Ќе биде предизвик да се соединат играчите на Ливерпул и Тотенхем по финалето“

„Ќе мораме да направиме брза, но и правилна проценка во каква состојба се во тие неколку дена. Тоа е многу индивидуално, особено кога играте таков голем натпревар“

17.05.2019 - Обновена : 19.05.2019
Саутгејт: „Ќе биде предизвик да се соединат играчите на Ливерпул и Тотенхем по финалето“

ЛОНДОН (АА) - Герет Саутгејт, селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, изјави дека ќе биде вистински тренерски предизвик да ги обедини Ливерпул и Тотенхем по финалето од Лигата на шампиони, пренесува Anadolu Agency (AA).

Имено, Англија од 5 до 9 јуни ја чека настапот на финалниот турнир во Лигата на нациите, на кој ќе играат уште Португалија, Холандија и Швајцарија. Само четири дена претходно, во финалето на Лигата на шампионите во Мадрид, за првпат во историјата ќе се сретнат два англиски клуба. На списокот на Саутгејт со 27 имиња се наоѓаат дури девет играчи од Ливерпул и Тотенхем.

„Ќе мораме да направиме брза, но и правилна проценка во каква состојба се во тие неколку дена. Тоа е многу индивидуално, особено кога играте таков голем натпревар“, рече Саутгејт и додаде:

„Првпат ќе имаме вакво искуство. Минатата година во кампот ги имавме Трент Александар-Арнолд и Џордан Хендерсон, кои беа особено разочарани од поразот во финалето од Реал. За жал, некој и овој пат ќе дојде со такво расположение. Тоа ќе биде единствена ситуација. Тоа ќе биде тест на нашите тренерски вештини и нашиот тимски дух. Тоа е најголемиот предизвик за сите нас, да се натпреваруваме едни против други, а потоа сето тоа да го оставиме зад себе и да запаметиме дека со Англија сме еден тим и дека се поддржуваме едни со други. Тоа беше нашата огромна сила во текот на изминатите 18 месеци.“

Англичаните во полуфиналето од завршниот турнир во Лигата на нации, на 6 јуни ќе играат против Холанѓаните. Во второто полуфинале, ден претходно во Порто, силите ќе ги одмерат домаќините Португалци и Швајцарците. Финалето е закажано за 9 јуни во Порто со почеток во 20:45 часот. Истиот ден во 15 часот во Гимараеш ќе се одигра натпреварот за третото место.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.