Yunus Kaymaz,Oktaj Omeragik
17 Мај 2019•Ажурирај: 19 Мај 2019
ИСТАНБУЛ
Голден Стејт Вориорс на домашен терен го совлада Портланд Треил Блејзерс со 114 : 111 и поведе со 2 : 0 во финалето на Западната конференција, јавува Anadolu Agency (AA).
Актуелниот шампион на НБА, тимот на Голден Стејт Вориорс, синоќа на домашен терен ја пречека екипата на Портланд Треил Блејзерс.
И на оваа средба Вориорс беа ослабени поради неиграњето на Кевин Дурант, кој се повреди во полуфиналето, меѓутоа домаќините, благодарение на одличната игра на Стефен Кари и Клеј Томсон, му донесоа победа на својот тим од 114 : 111.
Тоа беше средба полна со пресврти. Првите две четвртини Портланд ги заврши во своја корист и на полувремето се замина со резултат 50 : 65 и со 15 поени разлика за гостинската екипа. Но во третата четвртина, Вориорс направија пресврт и постигнувајќи разлика од 15 поени, во последната четвртина се влезе со нерешен резултат 89 : 89.
Во последната четвртина се водеше тесна борба. Иако на двапати Портланд поведе со 8 поени разлика, не успеа да ја сочува оваа предност, овоможувајќи му на Голден Стејт да се консолидира и на крај да извојува значајна победа за 2 : 0 во серијата од 4 победи.
Најпрезицен кај Вориорс беше Кари со 37 поени, 8 скока и 8 асистенции и Клеј Томсон со 24 поени, 3 скока и 2 асистенции, додека Дрејмон Грин постигна дабл-дабл од 16 поени, 10 скока и 7 асистенции.
Во редовите на Треил Блејзерс најпрецизни беа Дејмијан Лилард со дабл-дабл од 23 поени и 10 асистенции, Си Џеј Маколум 22 поени и Сет Кари со 16 поени.
Третиот натпревар од серијата до 4 победи ќе се игра на теренот на Портланд Треил Блејзерс.
Вечер на програмата е вториот натпревар меѓу Милвоки Бакс и Торонто Репторс. Бакс води со 1 : 0 во серијата од 4 победи.