спорт

Мајами Хит се пласираше во финалето на НБА

- Совладувајќи го Бостон Селтикс со 4:2 во меѓусебните дуели, Мајами Хит по 6 години повторно се пласираше во финалето на НБА, каде што ќе игра против екипата на Лос Анџелес Лејкерс

Hüseyin Burak Demirer  | 28.09.2020 - Обновена : 29.09.2020
Мајами Хит се пласираше во финалето на НБА

АНКАРА

Мајами Хит со 125:113 го совлада Бостон Селтикс и со скор од 4:2 во меѓусебните дуели е првак на Источната конференција, изборувајќи пласман во финалето на НБА, известува Агенција Анадолија (АА).

Во плејофот на американската Национална кошаркарска лига (НБА), синоќа се играше 6. натпревар од финалето на Источната конференција. Благодарение на извонредната игра во последната четвртина од натпреварот, Мајами Хит успеа да го совлада Бостон Селтикс со 125:113, и за првпат по 2014 година, дојде до титулата шампион на Источната конференција, која е шеста во историјата на клубот.

Најзаслужен за победата на Хит беше Бам Адебајо, кој оствари дабл-дабл учинок од 32 поени, 14 скока и 5 асистенции. Одлична игра прикажаа и Џими Батлер со 22 поени и 8 асистенции и Тајлер Хиро со 19 поени, 7 асистенции и 5 скока, но тој не беше во стартната петорка.

Во редовите на Селтикс најпрецизни беа Џејлен Браун со 26 поени, 8 скока и 3 украдени топки, Џејсон Татум со дабл-дабл од 24 поени, 11 асистенции и 7 скока, Маркус Смарт со 20 поени и 8 скока и Кемба Волкер со 20 поени и 5 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.

Првиот натпревар од финалето на НБА меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Мајами Хит во серијата од 4 победи ќе се игра на 1 октомври. Натпреварот започнува во 3:00 часот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.