Hüseyin Burak Demirer
28 Септември 2020•Ажурирај: 29 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Англискиот премиерлигаш Манчестер сити постигна договор со португалскиот клуб Бенфика за трансферирање на португалскиот репрезентативец Рубен Дијас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на клубот Бенфика, Манчестер сити ќе плати 68 милиони евра за трансферот на 23-годишниот одбранбен фудбалер Дијас.
Исто така, двете екипи се договорија и за трансферот на Аргентинецот Николас Отаменди од Манчестер сити во Бенфика.
Португалскиот клуб ќе плати 15 милиони евра за трансферот на 32-годишниот Отаменди.