Mutlu Demirtaştan
02 Април 2017•Ажурирај: 04 Април 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Шпанскиот фудбалски клуб, Реал Мадрид, стана првиот фудбалски клуб којшто на социјалната мрежа, Фејсбук, достигна 100 милиони лајкови, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението во интернет-страницата на Реал Мадрид, кралскиот клуб стана првиот фудбалски клуб којшто достигна 100 милиони лајкови на Фејсбук.
Во соопштението се наведува дека Реал Мадрид е еден од најбрзо растечките брендови на социлајните мрежи, и се потсетува дека минатата година видеата на клубот на Фејсбук биле прегледани 1,6 милијарди пати. Исто така, се вели дека минатата година 9 од 10-те најпопуларни споделени објави биле поврзани со Реал Мадрид.
Од друга страна, по Реал Мадрид исто и клубот на Барселона на неговата интернет-страница соопшти дека во Фејсбук страницата достигнале до 100 милиони лајкови.