Bedrudin Brlyavac
23 Ноември 2019•Ажурирај: 28 Ноември 2019
РИМ (АА) - Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, ја прекина исплатата на платата на своите играчи, а планира да им ја намали за 25 проценти поради неодамнешните побуни во тимот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Како што наведуваат италијанските медиуми, Де Лаурентис исто така планира да продаде неколку најдобри играчи на Наполи, меѓу кои и Калиду Кулибали, Алан, Лоренцо Инсиње, Дрис Мертенс и Хосе Калехон.
Во клубот веќе неколку недели владее хаос и неизвесност, откако екипата ги одби наредбите да се врати на тренинзите по ремито во Лигата на шампиони со Салцбург на 5 ноември.
На играчите и тренерот Карло Анчелоти им е забрането да даваат какви било изјави за медиумите, а Де Лаурентис дури порача дека ќе воведе ригорозни мерки за воспоставување ред во екипата.
Како што пишуваат „Газета дело спорт“ (Gazzetta dello Sport), „Ла република“ (La Repubblica), „Тутоспорт“ (Tuttosport) и многу други, Наполи ја замрзнал исплатата на платата за играчите за месец октомври, а постои дури и можност да се намалат примањата за 25 отсто како казна за побуната.
Играчите по ова би можеле да поднесат тужба против клубот за кршење на нивните права.