Riyaz Khaliq Khaliq
08 Јули 2021•Ажурирај: 09 Јули 2021
АНКАРА (АА) - При континуирани нови случаи на коронавирусот, Јапонија денеска објави дека долгоочекуваните Олимписки игри во Токио ќе се одржат во услови на вонредна состојба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Премиерот Јошихиде Суга ја објави одлуката за Игрите, кои се одржуваат ова лето, откако беа одложени минатата година поради пандемијата“, објави „Кјодо њуз“.
Најголемите игри во светот треба да започнат на 23 јули без присуство на публика од странство.
Воспоставени се ригорозни здравствени протоколи за да се спречи какво било ширење на вирусот.
Во Токио и околните префектури веќе беше воведена вонредна состојба, што сега е и официјално продолжена.
Продолжената вонредна состојба ќе стапи на сила следниот понеделник и ќе трае до 22 август, далеку по 8 август, кога Игрите треба да завршат.
Јапонија за првпат воведе вонредна состојба поради Ковид-19 во април 2020 година, а подоцна ја продолжи двапати во одредени области, вклучувајќи го и Токио.
Ситуацијата со вирусот ќе биде одлучувачка за тоа дали игрите ќе се одржуваат со публика или не.
Томас Бах, челникот на Меѓународниот олимписки комитет, во четвртокот допатува во Токио за да ги надгледува подготовките.
Јапонија досега има регистрирано 811.712 случаи на коронавирусот, вклучително и 14.897 смртни случаи.