спорт

Нова победа на Репторс, Бруклин Нетс во последните секунди до победа

Актуелниот шампион на НБА дојде до својата 15. последователна победа во НБА, совладувајќи ја Минесота Тимберволвс со 137 : 126

Yunus Kaymaz  | 11.02.2020 - Обновена : 12.02.2020
Нова победа на Репторс, Бруклин Нетс во последните секунди до победа

ИСТАНБУЛ

Во американската Национална кошаркарска лига НБА синоќа се одиграа 9 натпревари. Актуелниот шампион на НБА, екипата на Торонто Репторс, со 137 : 126 ја совлада Минесота Тимберволвс, постигнувајќи ја својата 15. последователна победа, 40. победа сезонава, јавува Агенција Анадолија (АА).

Најдобар перформанс во редовите на Репторс покажа Паскал Сајакем со остварени 34 поени, 6 скока и 5 асистенции. Голем придонес во победата на Репторс со дабл-дабл учинок дадоа Кајл Лори со постигнати 27 поени, 11 асистенции и 7 скока и Оу-Џи Ануноби со 25 поени, 12 скока и 3 асистенции.

Во гостинската екипа Карл Ентони Таунс постигна дабл-дабл од 23 поени, 10 скока и 7 асистенции и Д’Анџело Расел со 22 поени и 5 асистенции.

Милвоки Бакс на домашен терен го пречека тимот на Сакраменто Кингс. Домаќините успеаја да извојуваат победа и покрај тоа што во редовите на Бакс не играше една од најдобрите ѕвезди во НБА, Јанис Антетокунпо, кому истиот ден му се роди син.

Екипата на Бакс во која игра и турскиот интернационалец Ерсан Илјасова го совлада Сакраменто со 123 : 111.

Ова е 5-та последователна победа на Бакс. Најпрецизен во редовите на Бакс беше Крис Мидлтон со дабл-дабл учинок од 28 поени, 11 скока и 8 асистенции. Одлична игра прикажаа и Ерик Бледсо со 28 поени, 8 скока и 8 асистенции и Брук Лопез со 20 поени, 2 скока и 2 асистенции. Илјасова постигна 7 поени, 8 скока и 1 асистенција.

Кај Сакраменто, најпрецизни беа Харисон Барнс со 23 поени, 3 скока и 3 асистенции, Деарон Фокс со дабл-дабл од 17 поени, 11 асистенции и 8 скока, Немања Бјелица со 16 поени, 8 скока и 2 асистенции и Богдан Богдановиќ со 16 поени, 5 скока и 2 асистенции.

Бруклин Нетс на домашен терен ја пречека екипата на Индијана Пејсерс. Во текот на целиот натпревар се водеше жестока борба во која наизменично се менуваа двете екипи во водството. По првото полувреме Бруклин Нетс имаше предност од 3 разлика, за на крајот од третата четвртина Индијана Пејсерс да го преземе водството со 3 поени разлика. Во последната четвртина имаше постојано менување во водството. На 9,9 секунди пред крајот на натпреварот Индијана постигна кош преку Домантас Сабонис за водство од 104 : 105. Во следниот напад, на 3,8 секунди пред крајот на натпреварот, Спенсер Динвиди постигна двојка и го врати водството на Нетс со резултат 106 : 105. По тајмаутот и уфрлањето на топката од средината на теренот, Малколм Брогдон од Пејсерси не успаа да постигне погодок, препуштајќи им ја победата на Нетс.

Најпрецизен во редовите на Бруклин Нетс беше Спенсер Динвиди со постигнат дабл-дабл учинок од 21 поен, 11 асистенции и 6 скока. Одлична игра за Бруклин прикажаа и Џо Харис со 15 поени, 8 скока и 2 асистенции, Торин Принс постигна 14 поени и 3 скока, а Деандре Џордан постигна дабл-дабл учинок од 11 поени и 19 скока.

Кај гостите Домантас Сабонис, синот на легендарниот кошаркар Арвидас Сабонис, против Бруклин постигна трипл-дабл од 23 поени, 11 асистенции и 10 скока. Ти-Џеј Ворен постигна 19 поени, 2 асистенции и 1 скок, а Мајлс Тарнер 15 поени, 5 скока и 3 асистенции.


Резултати:

Орландо Меџик - Атланта Хоукс 135 : 126

Детроит Пистонс - Шарлот Хорнетс 76 : 87

Индијана Пејсерс - Бруклин Нетс 105 : 106

Торонто Репторс - Минесота Тимберволвс 137 : 126

Милвоки Бакс - Сакраменто Кингс 123 : 111

Далас Маверикс - Јута Џез 119 : 123

Денвер Нагетс - Сан Антонио Спарс 127 : 120

Голден Стејт Вориорс - Мајами Хит 101 : 113

Лос Анџелес Лејкерс - Феникс Санс 125 : 100.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın