Abdullah Tevge
30 Април 2021•Ажурирај: 01 Мај 2021
ИСТАНБУЛ - На средбата на која екипата на Хјустон Рокетс со 143:136 го совлада Милвоки Бакс, 20-годишниот Кевин Портер Џуниор постигна дабл-дабл од 50 поени, 11 асистенции и ја понесе титулата најмлад кошаркар во историјата на НБА кој постигнал таква статистика, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа шест натпревари во НБА. Рокетс, кој се натпреварува во Западната конференција, на домашен терен го пречека Милвоки Бакс. Победник на овој натпревар беше екипата на Рокетс, а 20-годишниот Кевин Портер Џуниор, благодарение на одличниот перформанс што го прикажа, влезе во историјата на НБА како најмлад кошаркар кому му успеало да постигне дабл-дабл од 50 поени и повеќе и 10 асистенции и повеќе. Претходно, сопственикот на овој рекорд во НБА беше во рацете на Леброн Џејмс кој 50 поени, 10 асистенции постигна на 23-годишна возраст.
Освен тоа, 20-годишниот кошаркар стана втор играч во историјата на Рокетс кому му успеало да го постигне тој перформанс, по Џејмс Харден кој тоа го направи осумпати.
- Бруклин Нетс нанижа четири победи во серија -
Бруклин Нетс, лидерот на Источната конференција, како гостин со 113:130 ја совлада Индијана Пејсерс и ја постигна својата четврта последователна победа.
Кај Нетс одлична игра прикажа Кевин Дурант со дабл-дабл од 42 поени, 10 скока, понесувајќи ги гостите до 43. победа сезонава.
Кај Пејсерс најпрецизен кошаркар со постигнати 36 поени беше Карис Леверт.
- Резултати:
Индијана Пејсерс - Бруклин Нетс 113:130
Детроит Пистонс - Далас Маверикс 105:115
Хјустон Рокетс - Милвоки Бакс 143:136
Минесота Тимберволвс - Голден Стејт Вориорс 126:114
Денвер Нагетс - Торонто Репторс 121:111
Оклахома Сити Тандер - Њу Орлеанс Пеликанс 95:109