спорт

НБА: Дабл-дабл на Џеди Осман недоволен за победа на Кавалирс

- Турскиот интернационалец, Охриѓанецот Џеди Осман на натпреварот во рамките на НБА успеа да постигне дабл-дабл од 15 поени, 11 асистении за Кливленд Кавалирс, но тоа не беше доволно за да се совлада Мајами Хит

Abdullah Tevge  | 02.05.2021 - Обновена : 03.05.2021
НБА: Дабл-дабл на Џеди Осман недоволен за победа на Кавалирс

ИСТАНБУЛ

Турскиот интернационалец, Охриѓанецот Џеди Осман на натпреварот во рамките на американската Национална кошаркарска лига (НБА) успеа да постигне дабл-дабл од 15 поени, 11 асистении за Кливленд Кавалирс, но тоа не беше доволно за да се совлада Мајами Хит, известува Агенција Анадолија (АА).

Синоќа се одиграа 10 натпревари во НБА. Кливленд Кавалирс од Источната конференција на домашен терен загуби од Мајами Хит со 107:124, а Џеди Осман за 38 минути изминати на паркетот постигна дабл-дабл од 15 поени, 11 асистенции и 7 скока.

Во Кавалирс Колин Секстон и Кевин Лав постигнаа по 25 поени.

Кај Хит шестмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, а најпрецизен беше Кендрик Нан со 22 поени.


- Јута Џез го совлада Торонто Репторс

Екипата на Јута Џез, лидер на Западната конференција, на домашен терен го совлада Торонто Репторс со 106:102.

Кај Џез најпрецизен кошаркар беше Богдан Богдановиќ со 34 поени, 4 скока, 4 асистенции.


- Денвер Нагетс ја постигна својата 5. последователна победа

Денвер Нагетс како гостин го совлада Лос Анџелес Клиперс со 104:110 и ја извојува својата 5. последователна победа. Благодарение на победите во последниот период Нагетс во моментов се наоѓа на 3. место во Западната конференција.

Кај победничката екипа Никола Јокиќ постигна дабл-дабл од 30 поени, 14 скока и даде огромен придонес во победата на Нагетс.


- Сабонис во едно полувреме постигна трипл-дабл

Тимот на Индијана Пејсерс како гостин му нанесе катастрофален пораз на Оклахома Сити Тандер од 152:95. На оваа средба Домантас Сабонис во првото полувреме оствари перформанс од 22 поени, 11 асистенции, 11 скока и стана третиот кошаркар кому тоа му успеало од сезоната 1997/98 досега.

Тоа претходно му појде од рака на Расел Вестбрук во 2016 година, а истиот перформанс во 2018 година го прикажа Никола Јокиќ.

Сабонис на овој натпревар постигна 26 поени, 19 скока и 14 асистенции.


Резултати

Шарлот Хорнетс - Детроит Пистонс 107:94

Хјустон Рокетс - Голден Стејт Вориорс 87:113

Кливленд Кавалирс - Мајами Хит 107:124

Оклахома Сити Тандер - Индијана Пејсерс 95:152

Орландо Меџик - Мемфис Гризлис 112:111

Минесота Тимберволвс - Њу Орлеанс Пеликанс 136:140

Атланта Хоукс - Чикаго Булс 108:97

Далас Маверикс - Вашингтон Визардс 125:124

Јута Џез - Торонто Репторс 106:102

Лос Анџелес Клиперс - Денвер Нагетс 104:110

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.