Abdulkadir Karakaya
22 Април 2021•Ажурирај: 23 Април 2021
ИСТАНБУЛ
Екипата на Феникс Санс со 113:116 избори победа на гостувањето против Филаделфија Севентисиксерс, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 12 натпревари во НБА. Второпласираниот во Западната конференција, екипата на Феникс Санс, како гостин ја совлада Филаделфија Севентисиксерс, лидерот на Источната конференција и дојде до својата 42. победа сезонава.
Најпрецизен кај Санс беше Крис Пол со постигнати 28 поени, 8 асистенции. Девин Букер со 19 поени, 7 асистенции и Микал Бриџес со 18 поени, 4 скока го дадоа својот придонес во победата на гостите.
Кај Севентисиксерс најпрецизен беше Џое Ембид со дабл-дабл од 38 поени, 17 скока, додека Дени Греј постигна 18 поени, а турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз натпреварот го заврши со 12 поени, 2 скока.
- Продолжува искачувањето на Никс
Тимот на Њујорк Никс кој е во борба за првите осум места во Источната конференција, по победата на домашен терен од 137:127 над Атланта Хоукс се искачи на четвртото место во Конференцијата.
Кај Никс кој ја извојува својата осма последователна победа во серија, најпрецизен играч беше Џулиус Рендл со дабл-дабл од 40 поени, 11 скока, 6 асистенции, додека Дерик Роус и Имануел Квикли постигнаа по 20 поени.
Хоукс го доживеа својот 27. пораз сезонава, а најпрецизни во редовите на овој клуб со дабл-дабл беа Клин Капела со 25 поени, 22 скока и Тре Јанг со 20 поени, 14 асистенции, додека Богдан Богдановиќ постигна 20 поени, 6 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Никс.
Резултати
Торонто Репторс - Бруклин Нетс 114:103
Индијана Пејсерс - Оклахома Сити Тандер 122:116
Вашингтон Визардс - Голден Стејт Вориорс 118:114
Филаделфија Севентисиксерс - Феникс Санс 113:116
Кливленд Кавалирс - Чикаго Булс 121:105
Хјустон Рокетс - Јута Џез 89:112
Њујорк Никс - Атланта Хоукс 137:127
Сан Антонио Спарс - Мајами Хит 87:107
Далас Маверикс - Детроит Пистонс 127:117
Портланд Треил Блејзерс - Денвер Нагетс 105:106
Сакраменто Кингс - Минесота Тимберволвс 128:125
Лос Анџелес Клиперс - Мемфис Гризлис 117:105