спорт

Бундеслига: Навивачите го нападнаа клупскиот автобус на Шалке 04 кој испадна од Лигата

Екипата на Шалке 04 која за првпат по 33 години ќе испадне од Бундеслигата, вчера по поразот од 1:0 на гостувањето кај Арминија Билефелд, по натпреварот се врати во објектот на клубот

Abdulkadir Karakaya  | 21.04.2021 - Обновена : 22.04.2021
Бундеслига: Навивачите го нападнаа клупскиот автобус на Шалке 04 кој испадна од Лигата

ИСТАНБУЛ 

Откако стана сосема јасно дека екипата на Шалке 04 ќе испадне од Германската прва фудбалска лига (Бундеслига), група навивачи го нападнаа автобусот на клубот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Екипата на Шалке 04 која за првпат по 33 години ќе испадне од Бундеслигата, вчера по поразот од 1:0 на гостувањето кај Арминија Билефелд, по натпреварот се врати во објектот на клубот.

Група навивачи собрани пред објектот, реагирајќи против фудбалерите, го нападнаа автобусот на клубот со јајца и факели.

На снимките споделени на социјалните мрежи може да се забележи дека фудбалерите кои излегуваат од автобусот бегаат директно кон клупскиот објект.

Во соопштението што го издаде клубот Шалке 04 се осудува нападот и се вели: „И покрај разбирливото разочарување и гнев поради нашето испаѓање од Лигата, неприфатливо е физичкото загрозување на нашите играчи и персонал.“

Германската полиција објави дека е започната истрага во врска со инцидентот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.