Barış Seçkin
01 Декември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
РИМ (АА) - Во 14. коло во италијанската Прва фудбалска лига (Серија А), Јувентус на свој терен одигра нерешено против Сасуоло со резултат 2 : 2, јавува Агенција Анадолија (АА).
Првото полувреме заврши со резултат 1 : 1, во кое голот на Јувентус го постигна Леонардо Бонучи во 20. минута, додека голот на Сасуоло го постигна Жереми Бога во 23. минута.
На почетокот на второто полувреме, односно во 47. минута, Франческо Капуто од гостинскиот клуб постигна погодок, со што Сасуоло премина во водство.
Јувентус успеа да го израмни резултатот во 68. минута со голот на Португалецот Кристијано Роналдо, кој постигна погодок од пенал.
Мечот заврши со нерешен резултат 2 : 2.
Со овој резултат, Јувентус има 36 бодови, додека Сасуоло 14.