Mutlu Demirtaştan
04 Февруари 2022•Ажурирај: 09 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ
Синоќа во американската Национална кошаркарска лига (НБА) се одиграа шест натпревари. Борејќи се за врвот во Западната конференција, Голден Стејт Вориорс го совлада Сакраменто Кингс со резултат 126:114 и стигна до својата 40-та победа сезонава, осма во серија, известува Агенција Анадолија (АА).
Во редовите на Вориорс, каде што седум играчи постигнаа двоцифрен број на поени, најпрецизни играчи беа Клеј Томпсон со постигнати 23 поени, 7 асистенции, Стефен Кари со 20 поени, 7 асистенции и Џонатан Куминга со 18 поени, 7 скока.
Кај Кингс, кои го претрпеа својот 35-ти пораз сезонава, најдобра игра прикажаа Дејвион Мичел со 26 поени, Харисон Барнс со 25 поени, Морис Харклес со 18 поени, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Вориорс.
- Хоукс стави крај на серијата на Санс
Атланта Хоукс на домашен терен го совлада Феникс Санс со 124:115, ставајќи крај на гостите од 11 победи во серијата.
Sвезда во тимот на Хоукс кој се бори за пласман во плеј-оф во Источната конференција (25 победи, 26 порази) беше Тре Јанг со постигнати 43 поени, 5 асистенции. Свој придонес во победата на Хоукс дадоа и Кевин Ертер и Џон Колинс со по 19 поени.
Кај екипата на Санс, лидерот на Западната конференција (41 победа, 10 порази), најдобар стрелец беше Девин Букер со 32 поени. Микел Бриџиз постигна 24 поени, 8 скока, додека Крис Пол средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 18 поени и 12 асистенции.
Резултати
Сан Антонио Спарс - Мајами Хит 95:112
Детроит Пистонс - Минесота Тимберволвс 117:128
Торонто Репторс - Чикаго Булс 127:120 (во продолжение)
Атланта Хоукс - Феникс Санс 124:115
Голден Стејт Вориорс - Сакраменто Кингс 126:114
Лос Анџелес Клиперс - Лос Анџелес Клиперс 111-110