спорт

НБА: Никс го совлада тимот на Пеликанс и ја постигна својата 6. последователна победа

Синоќа се одиграа 8 натпревари во НБА. Тимот на Никс, претставникот на Источната конференција, на домашен терен го пречека тимот на Пеликанс, претставникот на Западната конференција.

Abdullah Tevge  | 19.04.2021 - Обновена : 20.04.2021
НБА: Никс го совлада тимот на Пеликанс и ја постигна својата 6. последователна победа

ИСТАНБУЛ (АА) - Екипата на Њујорк Никс, во рамките на натпреварите од американската Национална кошаркарска лига (НБА), на домашен терен со 122:112 го совлада тимот на Њу Орлеанс Пеликанс и ја постигна својата 6-та последователна победа, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Синоќа се одиграа 8 натпревари во НБА. Тимот на Никс, претставникот на Источната конференција, на домашен терен го пречека тимот на Пеликанс, претставникот на Западната конференција. Во регуларниот тек средбата заврши без победник 103:103, а во продолжението домаќините извојуваа победа од 10 поени разлика.

Најпрецизни кај Никс беа Џулиус Рендл со дабл-дабл од 33 поени, 10 асистенции и 5 скока, а Дерик Роуз постигна 23 поени, 5 асистенции и 3 скока.

Кај Пеликанс најдобар перформанс прикажа Зион Вилијамс со 34 поени, 9 скока и 5 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.

- Клиперси во последните 17 натпревари извојуваа 14 победи -

Тимот на Лос Анџелес Клиперс, еден од посилните претставници во Западната конференција, како домаќин со 124:105 ја совлада Минесота Тимберволвс, извојувајќи ја својата 14. победа во последните 17 натпревари.

Најдобра игра кај Клиперс прикажаа Кавај Леонард со дабл-дабл од 15 поени, 11 скока и 8 асистенции, додека Пол Џорџ го заврши натпреварот со 23 поени, 7 скока и 5 асистенции.

Кај Тимберволвс најпрецизни беа Ентони Едвардс со 23 поени, 6 скока и 3 асистенции и Карл Ентони Таунс со 16 поени, 6 скока и 5 асистенции.

- Резултати:

Атланта Хоукс - Индијана Пејсерс 129:117

Њујорк Никс - Њу Орлеанс Пеликанс 122:112 (во продолжение)

Мајами Хитс - Бруклин Нетс 109:107

Шарлот Хорнетс - Портланд Треил Блејзерс 109:101

Орландо Меџик - Хјустон Рокетс 110:114

Торонто Репторс - Оклахома Сити Тандер 112:106

Далас Маверикс - Сакраменто Кингс 107:121

Лос Анџелес Клиперс - Минесота Тимберволвс 124:105.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın