спорт

НБА: Мајами Хит со победата над Бостон Селтикс го загарантира пласманот во плејофот

- Синоќа се одиграа 11 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Хит со победата над Селтикс ја извојува својата 38. победа сезонава, 3-та во низа.

Abdulkadir Karakaya  | 12.05.2021 - Обновена : 14.05.2021
НБА: Мајами Хит со победата над Бостон Селтикс го загарантира пласманот во плејофот

ИСТАНБУЛ 

Екипата на Мајами Хит, совладувајќи го Бостон Селтикс со 121:129, го загарантира местото во плејофот на Источната конференција, известува Агенција Анадолија (АА).

Синоќа се одиграа 11 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Хит со победата над Селтикс ја извојува својата 38. победа сезонава, 3-та во низа.

Тајлер Хиро од редовите на Хит постигна дабл-дабл од 24 поени и 11 скока, а Бам Адебајо и Данкан Робинсон го завршија натпреварот со по 22 постигнати поени.

Кај Селтикс најпрецизни беа Кемба Волкер со 36 поени и 7 скока и Џејсон Татум со 33 поени и 6 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне 34. пораз сезонава.

- Вориорс нанижа 4 победи во серија

Тимот на Голден Стејт Вориорс, кој се бори за пласман во плејофот на Западната конференција, на домашен терен со 122:116 го совладаа Феникс Санс и ја постигна својата 4. последователна победа.

Ендрју Вигинс беше најпрецизен на натпреварот постигнувајќи 38 поени, 3 асистенции и 7 скока. Свој придонес во победата на Вориорс дадоа и Стефен Кари со 21 поен и 6 асистенции и Џордан Пул со 20 поени и 4 скока.

Санс го доживеаја својот 21. пораз сезонава, а најдобар перформанс прикажаа Евин Букер со 34 поени и 7 скока и Крис Пол со дабл-дабл од 24 поени и 10 асистенции.


Резултати:

Шарлот Хорнетс - Денвер Нагетс 112:117

Детроит Пистонс - Минесота Тимберволвс 100:119

Торонто Репторс - Лос Анџелес Клиперс 96:115

Бостон Селтикс - Мајами Хит 121:129

Мемфис Гризлис - Далас Маверикс 133:104

Индијана Пејсерс - Филаделфија Севентисиксерс 103:94

Чикаго Булс - Бруклин Нетс 107:115

Милвоки Бакс - Орландо Меџик 114:102

Голден Стејт Вориорс - Феникс Санс 122:116

Лос Анџелес Лејкерс - Њујорк Никс 101:99

Сакраменто Кингс - Оклахома Сити Тандер 122:106.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.