спорт

НБА: Вориорси ги совладаа Рокетси

Голден Стејт Вориорс на гостински терен го совлада Хјустон Рокетс со резултат 104:106. Џејмс Харден постигна дабл-дабл од 29 поени и 10 асистенции, но тоа не беше доволно да се избегне поразот од Вориорс.

Yunus Kaymaz  | 14.03.2019 - Обновена : 16.03.2019
НБА: Вориорси ги совладаа Рокетси

ИСТАНБУЛ (АА) - Во дербито на Западната конференција, минатогодишниот шампион на НБА, тимот на Голден Стејт Вориорс, на гостински терен го совлада Хјустон Рокетс со резултат 104:106, пишува Anadolu Agency (AA).

Синоќа се одиграа 6 натпревари. Лидерот на Западната конференција, екипата на Голден Стејт Вориорс, со два поени разлика како гостин го совлада тимот на Хјустон Рокетс, прекинувајќи ја серијата на Рокетси од 9 победи едноподруго.

Најголем придонес во победата на Вориорс дадоа Клеј Томсон со постигнати 30 поени, 6 скока, 2 асистенции и Демаркус Казинс со 27 поени, 8 скока и 7 асистенции.

Џејмс Харден од редовите на Рокетси постигна дабл-дабл од 29 поени и 10 асистенции, додека Крис Пол постигна 24 поени, но тоа не беше доволно да се избегне поразот од Вориорси на домашен терен.

- Резултати

Хјустон Рокетс - Голден Стејт Вориорс 104:106

Оклахома Сити Тандер - Бруклин Нетс 108:96

Вашингтон Визардс - Офландо Меџик 100:90

Атланта Хоукс - Мемфис Гризлис 132:111

Мајами Хит - Детроит Пистонс 108:74

Феникс Санс - Јута Џез 97:114

Вечер на програмата се 6 натпревари во НБА. Се среќаваат:

Индијана Пејсерс - Оклахома Сити Тандер

Орландо Меџик - Кливленд Кавалирс

Бостон Селтикс - Сакраменто Кингс

Торонто Репторс - Лос Анџелес Лејкерс

Јута Џез - Минесота Тимберволвс

Денвер Нагетс - Далас Маверикс


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.