Yunus Kaymaz
26 Јуни 2021•Ажурирај: 26 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Плејофот во НБА-лигата продолжи со еден натпревар. Милвоки Бакс во арената „Фајсерв форум“ му беше домаќин на Хоукс во вториот натпревар од финалната серија во Источната конференција, известува Агенција Анадолија (АА).
Во редовите на Бакс најпрецизен играч на овој натпревар беше Јанис Антетокумпо со постигнати 25 поени, 9 скока и 6 асистенции. Свој придонес во победата на Бакс дадоа Џру Холидеј со 22 поени, Брук Лопез со 16 и Крис Мидлтон со 15 постигнати поени.
Тре Јанг, кој на првиот натпревар постигна 48 поени за Хоукс, ја заврши оваа средба со 15 поени. Данило Галинари на овој натпревар постигна 12 поени, а Камерон Редиш и Џон Колинс го завршија натпреварот со по 11 поени.
Плејофот во НБА-лигата ќе продолжи со четвртиот натпревар од финалната серија на Западната конференција помеѓу тимовите на Лос Анџелес Клиперс и Феникс Санс, што ќе се игра утре со почеток во 4:00 часот.