Can Erözden
25 Јуни 2021•Ажурирај: 26 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Трката за Големата награда на Турција повторно е вратена на календарот на Формула 1, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трката во Формула 1 во Турција беше планирана во периодот од 11 до 13 јуни, но беше откажана поради ограничувањата за патување воведени поради пандемијата на Ковид-19.
Од Формула 1 соопштија дека трката за Големата награда на Турција ќе се врати на календарот оваа сезона, со трката на патеката „Истанбул парк“, која треба да се одржи на почетокот на октомври, наместо трката за Големата награда на Сингапур.
Се вели дека трката на „Марина Беј“ во Сингапур не може да се одржи како што беше планирано на 3 октомври, па наместо тоа на календарот е додадена трката за Големата награда на Турција.
На патеката во Истанбул, британската sвезда на Мерцедес, Луис Хамилтон, ја освои својата седма титула на Светски шампион во 2020 година.
„Воодушевени сме што се враќаме во Турција на патеката на „Истанбул парк“. Се надеваме дека повторно ќе видиме уште една фантастична трка на една од најдобрите патеки во светот“, рече извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
Тој се заблагодари на управата на „Истанбул парк“ за нејзините напори.