Hüseyin Burak Demirer
25 Јуни 2021•Ажурирај: 28 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со осмата и деветтата трка во сезоната кои ќе се одржат во Австрија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Осмата трка се одржува под името Големата награда на Штаерска (Steiermark Grand Prix), додека деветтата трка се одржува под името Големата награда на Австрија (Austria Grand Prix).
Трките ќе се одржат на патеката „Ред бул“, која се наоѓа во градот Спилберг и е долга 4,3 километри.
Возачите ќе треба да извозат 71 круг за Големата награда на Штаерска.
В сабота, со почеток во 15:00 часот ќе се одржи трката за полпозиција за Големата награда на Штаерска, а оваа трка е закажана за в недела, 27 јуни, со почеток во 15:00 часот.
Меѓу другото, Големата награда на Австрија ќе се одржи на 3 и 4 јули.
Пред трката, пласманот на возачите и тимовите е следниот:
- Пласман на пилотите:
1. Макс Верстапен (Холандија): 131 поен
2. Лиус Хамилтон (Велика Британија): 119 поени
3. Серџо Перез (Мексико): 84 поени
4. Ландо Норис (Велика Британија): 76 поени
5. Валтери Ботас (Финска): 59 поени
- Пласман на тимовите:
1. Ред Бул: 215 поени
2. Mерцедес: 178 поени
3. Мекларен: 110 поени
4. Ферари: 94 поени
5. Алфа Таури: 45 поени