Emre Aşıkçı
26 Октомври 2022•Ажурирај: 30 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - „Ауди“ постигна договор со „Саубер“ да стане негов стратешки партнер во Формула 1 почнувајќи од 2026 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Следната важна пресвртница на патот кон Светскиот шампионат во Формула 1 на ФИА е завршена: „Ауди“ го избра „Саубер“ како стратешки партнер за проектот и планира да стекне удел во групацијата „Саубер““, се вели во соопштението на „Ауди“.
„Партнерството ќе му овозможи на традиционалниот швајцарски тркачки тим да се натпреварува како фабрички тим на „Ауди“ од 2026 година, користејќи погонски агрегат развиен од „Ауди“ како врв на мотоспортот“, информираа од Ауди.
Тимот на „Саубер“ дебитира во 1993 година и само еднаш победи со полскиот возач Роберт Кубица на Гран при трката на Канада во 2008 година.
„Саубер“ најави дека ќе се натпреварува со сегашниот производител на погонски единици во 2024 и 2025 година. Во соопштението на „Ауди“ се наведува дека планираат да купат удел во компанијата „Саубер“.