Yunus Kaymaz
02 Декември 2021•Ажурирај: 03 Декември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Милвоки Бакс како домаќин го совлада Шарлот Хорнетс со 127:125 во натпреварот на американската Национална кошаркарска лига (НБА), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа девет натпревари во НБА. На 8 секунди пред крајот на натпреварот, Јанис Антетокумпо, ол-стар ѕвездата од редовите на Бакс, постигна погодок за победа над Хорнетс, со која актуелниот шампион на НБА дојде до својата осма последователна победа.
Кај Хорнетс најдобра игра прикажаа ЛаМело Бол со 36 поени, 9 асистенции, Кели Убре и Мајлс Бриџис со 22 поени, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Бакс.
- Бостон Селтикс со 1 поен разлика ја совлада Филаделфија Севентисиксерс -
Бостон Селтикс на домашен терен ја пречека екипата на Филаделфија Севентисиксерс. Домаќините извојуваа победа од 88:87, нанесувајќи му го 11. пораз на тимот на Севентисиксерс.
На 29 секунди пред крајот на средбата, Севентисиксерс преку Дени Грин со тројка ја намали разликата на 1 поен, 88:87. Во следниот напад Селтикс не постигна поени, но ниту гостите не успеаја во преостанатиот дел од средбата да направат пресврт и да се вратат со победа од Бостон.
Џејсон Тејтум постигна дабл-дабл од 26 поени, 16 скока, Денис Шредер постигна 13 поени, додека Ал Хорфорд и Роберт Вилијамс постигнаа по 10 поени.
Кај Севентисиксерс најпрецизни беа Џоел Ембид со 13 поени, 18 скока, Сет Кари со 17 поени, додека турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз со изминати 6 минути и 24 секунди на паркетот, натпреварот го заврши со 1 скок и 3 асистенции.
Хјустон Рокетс, со победата од 114:110 на гостински терен на Оклахома Сити Тандер, дојде до својата четврта последователна победа. Алперен Шенгун, кој настапи за Рокетс, на паркетот мина 13 минути и 25 секунди, постигнувајќи 5 поени, 2 скока, 4 асистенции, 2 блокади и 1 украдена топка.
Кливленд Кавалирс на гостински терен на Мајами Хит извојува победа со 26 разлика, 111:85.
Омер Фарук Јуртсевер кој настапува за Мајами Хит, на оваа средба одигра 3 минути и 39 секунди, постигнувајќи 2 поени, 2 скока и 1 блокада.
- Резултати:
Индијана Пејсерс - Атланта Хоукс 111:114
Орландо Меџик - Денвер Нагетс 108:103
Вашингтон Визардс - Минесота Тимберволвс 115:107
Бостон Селтикс - Филаделфија Севентисиксерс 88:87
Мајами Хит - Кливленд Кавалирс 85:111
Милвоки Бакс - Шарлот Хорнетс 127:125
Њу Орлеанс Пеликанс - Далас Маверикс 107:139
Оклахома Сити Тандер - Хјустон Рокетс 110:114
Лос Анџелес Клиперс - Сакраменто Кингс 115:124