спорт

Женската тениска асоцијација ги суспендира тениските турнири во Кина

„Знаеме каде е Пенг, но имам сериозни сомнежи за тоа дали е слободна и дали е на сигурно, дали е изложена на цензура или присила.“

Hüseyin Burak Demirer  | 02.12.2021 - Обновена : 03.12.2021
Женската тениска асоцијација ги суспендира тениските турнири во Кина

АНКАРА (АА) - Женската тениска асоцијација (WTA), поради загриженост за кинеската тенисерка Пенг Шуаи, која претходно соопшти дека сексуално ја вознемирувал помошникот на поранешниот премиер, Џанг Гаоли, ги суспендира турнирите во Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Челникот на организацијата, Стив Сајмон, по тој повод објави соопштение на страницата на ВТА:

„Знаеме каде е Пенг, но имам сериозни сомнежи за тоа дали е слободна и дали е на сигурно, дали е изложена на цензура или присила. ВТА од почетокот беше јасна за тоа што треба да се направи. Повторно упатуваме повик на целосна и транспарентна истрага без цензури по повод обвинувањата на Пенг Шуаи за сексуалното вознемирување“, наведено е во соопштението.

Сајмон нагласи дека сите ВТА-турнири во Кина, вклучително и во Хонгконг, се суспендирани дур не биде одлучено поинаку.

„Како можам од нашите спортисти да барам да се натпреваруваат на место на кое Пенг Шуаи не може слободно да комуницира и каде што е под притисок? Сѐ додека Кина не ги преземе чекорите кои ги бараме, не можеме таму да организираме активности и нашите спортисти и вработени да ги ставаме во ризик“, изјави Сајмон.

Пенг (35) на кинеската социјална мрежа „Веибо“ соопшти дека пред три години сексуално ја вознемирувал Џанг Гаоли. Три недели нејзината судбина беше непозната. Потоа кинеската државна телевизија и весниците на Твитер споделија снимка од Пенг. Таа преку видеоповик разговараше и со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (IOC), Томас Бах.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.