свет, Коронавирус

„Потенцијалните кинески вакцини не покажуваат несакани реакции“

„Досега никој од оние што примиле вакцина за итни случаи не покажал никакви сериозни несакани реакции“, истакна Зенг Зонгвеи, од Националната здравствена комисија на Кина

Riyaz Khaliq  | 20.10.2020 - Обновена : 21.10.2020
„Потенцијалните кинески вакцини не покажуваат несакани реакции“

АНКАРА (АА) - Кина денес соопшти дека нејзините експериментални вакцини за заштита од вирусот Ковид-19 не покажале никаква негативна реакција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Досега никој од оние што примиле вакцина за итни случаи не покажал никакви сериозни несакани реакции“, истакна Зенг Зонгвеи, од Националната здравствена комисија на Кина, пренесе кинескиот весник „Глобал тајмс“.

Фармацевтските гиганти во многу земји се спротивставија на идејата за побрз, скратен начин за презентирање антиген за новиот вирус.

Кина и Русија, сепак, започнаа со вакцинација на одредени групи луѓе со експериментални вакцини, што предизвика дебата за ризиците од давањето непроверени терапии.

Зенг рече дека земјата има 13 кандидати за вакцини што влегуваат во клиничка фаза на испитувања, од кои четири во 3. фаза на испитување.

„Шеесет илјади волонтери примија четири експериментални вакцини... тешкотијата сега лежи во спроведувањето на испитувањата бидејќи епидемијата во Кина е ставена под контрола“, рече тој.

Зенг додаде дека користењето на вакцините за итни случаи во Кина е „во согласност со релевантните закони за развојот на лекови и вакцини, што минува низ ригорозен процес на научна аргументација и процес на одобрување“.

„Некои Кинези што заминаа во странство доброволно примија вакцини... досега, никој од нив не пријавил несакани негативни реакции“, рече тој, додавајќи дека цената на кинеските вакцини против Ковид-19 сигурно ќе биде во опсег што јавноста ќе може да си го дозволи.

На почетокот на овој месец, Кина се приклучи на Ковакс, меѓународна иницијатива за дистрибуирање на вакцините против Ковид-19 во земјите низ светот. Околу 172 држави, освен САД, Русија и неколку други, се дел од програмата предводена од Светската здравствена организација (СЗО), Алијансата за вакцини ГАВИ и Коалицијата за иновации за епидемиска подготвеност.

Во светот против коронавирусот во развој се над 100 вакцини за олеснување на глобалната криза.

„Со вирусот досега се заразија над 40 милиони луѓе, а од последиците што ги предизвикува починаа 1,1 милион во 189 земји во светот“, покажуваат најновите податоци на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.