Muhammet Kurşun,Ahmet Dursun
20 Октомври 2020•Ажурирај: 20 Октомври 2020
ТЕХЕРАН
Во Иран, бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) надмина 31.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 322 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 31.034.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 5.039 лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 539.670.
Според Лари, 4.810 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 434.676 лица.
Портпаролката Лари нагласи дека во Иран досега се направени 4.570.243 тестирања за Ковид-19.
Лари, исто така, нагласи дека за да се стави епидемијата под контрола низ целата земја треба да бидат преземени строги мерки што ќе траат 3 недели.