спорт

НБА: Санс со победата над Вориорс го израмни клупскиот рекорд од 17 победи во серија

- Минатогодишниот финалист, екипата на Феникс Санс, со 8 поени разлика го совлада Голден Стејт Вориорс кој имаше серија од 7 последователни победи и успеа да дојде до својата 17. победа во серија, израмнувајќи го клупскиот рекорд на ова поле

Yunus Kaymaz  | 01.12.2021 - Обновена : 02.12.2021
НБА: Санс со победата над Вориорс го израмни клупскиот рекорд од 17 победи во серија

ИСТАНБУЛ

Синоќа се одиграа пет натпревари во НБА. Минатогодишниот финалист, екипата на Феникс Санс, со 8 поени разлика го совлада Голден Стејт Вориорс кој имаше серија од 7 последователни победи и успеа да дојде до својата 17. победа во серија, израмнувајќи го клупскиот рекорд на ова поле, известува Агенција Анадолија (АА).

Во редовите на Санс најдобар перформанс со дабл-дабл учинок постигнаа Деандре Ејтон со 24 поени, 11 скока и Крис Пол со 15 поени, 11 асистенции. По оваа победа Санс го зазеде првото место во Западната конференција, пред Вориорс со кој има ист учинок од 85,7 % победи, т.е. 18 победи и 3 порази.

Кај Вориорс најпрецизни беа Џордан Пол со 28 поени, 5 скока, 3 асистенции, Ото Портер со 16 поени, 6 скока, 3 асистенции и Стефен Кари со 12 поени, 3 скока, 2 асистенции.


- Харден е четвртиот играч кој го мина прагот од 2.500 тројки

Бруклин Нетс како домаќин го совлада Њујорк Никс со 112:110 и дојде до својата 15. победа сезонава.

Кај домаќините Џејмс Харден постигна дабл-дабл од 34 поени, 10 скока и 8 асистенции и стана четвртиот играч во историјата на НБА по Реј Ален, Стефен Кари и Реџи Милер, кој го минал прагот од 2.500 тројки постигнати во регуларниот дел од сезоната.

Кевин Дурент постигна 27 поени, 5 скока, 9 асистенции, Камерон Томас постигна 12 поени, а Пети Милс теренот го напушти со 10 поени.

Во редовите на Нујорк Никс најдобар стрелец беше Алек Буркс со 25 поени, 5 скока и 5 асистенции. Џулиус Рендл натпреварот го заврши со 24 поени, 9 скока и 8 асистенции.


Резултати од синоќа одиграните натпревари:

Бруклин Нетс - Њујорк Никс 112:110

Торонто Репторс - Мамфис Гризлис 91:98

Феникс Санс - Голден Стејт Вориорс 104:96

Портланд Треил Блејзерс - Детроит Пистонс 110:92

Сакраменто Кингс - Лос Анџелес Лејкерс 92:117



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.