спорт

Годишнина од смртта на легендарниот аргентински фудбалер Марадона

Марадона почина на 25 ноември 2020 година во својот дом во Тигре, а извештајот од обдукцијата покажа дека легендарниот фудбалер починал од акутен едем на белите дробови предизвикан од хронична срцева слабост.

Muhammed Emin Canik  | 25.11.2021 - Обновена : 26.11.2021
Годишнина од смртта на легендарниот аргентински фудбалер Марадона

БУЕНОС АИРЕС (АА) - Мухамед Емин Чаник - Помина една година од смртта на светски познатиот фудбалер Диего Армандо Марадона, пишува Агенција Анадолија (АА).

Марадона почина на 25 ноември 2020 година во својот дом во Тигре, а извештајот од обдукцијата покажува дека легендарниот фудбалер починал од акутен едем на белите дробови предизвикан од хронична срцева слабост.

Истрагата, подигната по ненадејната и сомнителна смрт на Марадона, и понатаму е во тек.

Во рамките на истрагата, лекарот на Марадона, неврохирургот Леополдо Луке, психијатарот Агустина Косачов, психологот Карлос Дијаз, лекарката координатор Ненси Форлини, надзорникот на медицинските сестри, Маријано Перони и медицинските техничари Рикардо Алмирон и Дахиана Мадрид се обвинети за „предизвикување смрт“ на аргентинската легенда.

Доколку истрагата, во која беа испрашани 80 лица, меѓу кои и роднините на Марадона, се претвори во судење и обвинетите бидат прогласени за виновни, овие луѓе би можеле да бидат осудени на затвор од 8 до 25 години.

Во извештајот на лекарската комисија, која ја сочинуваат 20 експерти кои во рамките на истрагата ја истражуваат смртта на Марадона, се наведува дека медицинската нега на легендарниот фудбалер била недоволна и дека неговото здравје било „оставено на судбината“.

Марадона има пет наследници, меѓу кои и помладиот син Диего Фернандо Марадона, потоа Јан Марадона, Диего Марадона Јуниор, Џанина и Далма Марадона, која ја посвои во 2016 година.

Со договор на наследниците на аргентинскиот фудбалер, двата имоти, возилата и личните работи на Марадона ќе бидат понудени на аукција на 19 декември за да се исплатат неговите долгови и трошоци.

На аукцијата, која ќе биде отворена за меѓународно учество, на учесниците ќе им бидат понудени и специјални предмети како писмо испратено од поранешниот кубански претседател Фидел Кастро до Марадона, потпишани дресови, фудбалски топки и часовници.

Светски познатиот фудбалер Марадона, чија смрт беше меѓу најважните настани во 2020 година, беше погребан покрај своите родители на гробиштата „Бела Виста“ во Буенос Аирес.

Марадона е роден на 30 октомври 1960 година во Буенос Аирес. Во текот на својата блескава кариера играше за Аргентинос Јуниорс, Бока Јуниорс, Барселона, Наполи, Севиља, Њуелс Олд Бојс. Кариерата ја заврши во Бока Јуниорс во 1997 година. Работеше и како селектор, а најсериозен ангажман имаше од 2008 до 2010 година кога ја водеше репрезентацијата на Аргентина.

Со репрезентацијата на Аргентина како играч стана светски првак во 1986 година во Мексико. За репрезентацијата одигра 91 натпревар и постигна 34 гола. Настапуваше на дури четири светски првенства: во 1982 година во Шпанија, во 1986 година во Мексико, во 1990 година во Италија и во 1994 година во САД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.