спорт

НБА: Актуелниот шампион Лејкерс ќе игра плејин

- Синоќа се одиграа 15 натпревари во НБА. Лос Анџелес Лејкерс како гостин успеа да го совлада Њу Орлеанс Пеликанс и ја извојува својата петта последователна победа, но тоа не беше доволно за пласман во плејофот.

Abdullah Tevge  | 17.05.2021 - Обновена : 19.05.2021
НБА: Актуелниот шампион Лејкерс ќе игра плејин

ИСТАНБУЛ 

Актуелниот шампион на НБА, екипата на Лос Анџелес Лејкерс, иако извојува победа од 98:110 на гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликанс, пласман во плејофот обезбеди Портланд Треил Блејзерс, додека Лејкерси ќе играат плејин, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Синоќа се одиграа 15 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Лос Анџелес Лејкерс како гостин успеа да го совлада Њу Орлеанс Пеликанс и ја извојува својата петта последователна победа, но тоа не беше доволно за пласман во плејофот, бидејќи екипата на Портланд Треил Блејзерс на домашен терен со 132:116 го совлада Денвер Нагетс, заземајќи го 6. место во Западната конференција, што обезбедува пласман во плејофот. На тој начин, Лејкерс како седмопласирана екипа ќе игра плејин. Во натпреварите на плејин ќе учествуваат екипите од 7. до 10. место.

НБА-ѕвездата Леброн Џејмс, која настапува за Лејкерс, на оваа средба постигна 25 поени и 6 асистенции и даде голем придонес во победата на гостите.

Во Западната конференција плејин ќе играат Лос Анџелес Лејкерс, Голден Стејт Вориорс, Мемфис Гризлис и Сан Антонио Спарс, додека во Источната конференција плејин ќе играат Индијана Пејсерс, Шарлот Хорнетс, Бостон Селтикс и Вашингтон Визардс.


Првиот натпревар Лос Анџелес Лејкерс ќе го игра против Голден Стејт Вориорс на домашен терен. На другите средби се среќаваат:

Индијана Пејсерс - Шарлот Хорнетс

Бостон Селтикс - Вашингтон Визардс

Мемфис Гризлис - Сан Антонио Спарс.


- Стефен Кари рекордер во тројки во регуларниот тек на првенството 

Голден Стејт Вориорс на домашен терен со 113:101 го совлада Мемфис Гризлис. На оваа средба Стефен Кари постигна 9 тројки, со што со просек од 5,3 тројки на натпревар постави нов рекорд во регуларниот тек на првенството, рекорд што и претходно беше во негова сопственост со просек од 5,1 тројка по натпревар.

На оваа средба Кари постигна 46 поени, 9 асистенции и 7 скока.


- На последниот натпревар Фуркан Коркмаз постигна 6, а Џеди Осман 5 поени 

Филаделфија Севентисиксерс го совлада Орландо Меџик со 128:117 и во регуларниот тек од првенството го зазеде првото место во Источната конференција на НБА. На овој натпревар турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз на паркетот измина 19 минути, постигнувајќи 6 поени, 4 асистенции и 1 скок.

Екипата на Кливленд Кавалирс, во која настапува турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, загуби од Бруклин Нетс со 109:123, а Џеди Осман за 31 минута изминати на теренот, постигна 5 поени, 5 скока и 3 асистенции.


- Резултати:

Њујорк Никс - Бостон Селтикс 96:92

Сан Антонио Спарс - Феникс Санс 121:123

Торонто Репторс - Индијана Пејсерс 113:125

Вашингтон Визардс - Шарлот Хорнетс 115:110

Голден Стејт Вориорс - Мемфис Гризлис 113:101

Бруклин Нетс - Кливленд Кавалирс 123:109

Филаделфија Севентисиксерс - Орландо Меџик 128:117

Атланта Хоукс - Хјустон Рокетс 124:95

Детроит Пистонс - Мајами Хит 107:120

Оклахома Сити Тандер - Лос Анџелес Клиперс 117:112

Минесота Тимберволвс - Далас Маверикс 136:121

Њу Орлеанс Пеликанс - Лос Анџелес Лејкерс 98:110

Портланд Треил Бејзерс - Денвер Нагетс 132:116

Сакраменто Кингс - Јута Џез 99:121

Чикаго Булс - Милвоки Бакс 118:112.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın