Hüseyin Burak Demirer
15 Февруари 2021•Ажурирај: 16 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Екипата на Кливленд Кавалирс за која настапува турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, загуби со 128:111 од Лос Анџелес Клиперс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 10 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Екипата на Клиперс, која е една од фаворитите во Западната конференција, иако настапи без своите олстар ѕвезди Кавај Леонард и Пол Џорџ, успеа да го совлада тимот на Кливленд Кавалирс со 128:111.
Најзаслужен за победата на Клиперс беше Лу Вилијамс со дабл-дабл учинок од 30 поени, 10 асистенции и 2 скока, а свој придонес за победата на домаќинот дадоа и Серж Ибака со 21 поен, 9 скока и 6 асистенции и Маркус Морис со 23 поени и 6 скока.
Екипата на Кливленд го претрпе својот 7-ми последователен пораз. Колин Секстон беше најпрецизен кај Кавалирс со 22 поени, додека Дариус Гарланд постигна 20 поени и 6 асистенции, а охриѓанецот Џеди Осман го заврши натпреварот со 20 поени, 3 скока и 2 асистенции.
- Маврикс загуби и покрај ефикасната игра на Дончиќ -
Портланд Треил Блејзерс како гостин успеа да го совлада тимот на Далас Маверикс со 118:121 и ја извојува својата 4-та последователна победа.
Во редовите на Треил Блејзерс, 6 играчи постигнаа двоцифрен број на поени, а најпрецизен беше Дејмијан Лилард со дабл-дабл учинок од 34 поени, 11 асистенции и 3 скока.
Словенскиот интернационалец Лука Дончиќ, кој пред два дена постигна 46 поени против екипата на Њу Орлеанс Пеликанс, на овој натпревар постигна 44 поени, 9 асистенции и 7 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Блејзерси.
- Резултати:
Вашингтон Визардс - Бостон Селтикс 104:91
Торонто Репторс - Минесота Тимберволвс 112:116
Шарлот Хорнетс - Сан Антонио Спарс 110:122
Детроит Пистонс - Њу Орлеанс Пеликанс 123:112
Далас Маверикс - Портланд Треил Блејзерс 118:121
Оклахома Сити Тандер - Милвоки Бакс 114:109
Феникс Санс - Орландо Меџик 109:90
Сакраменто Кингс - Мемфис Гризлис 110:124
Денвер Нагетс - Лос Анџелес Лејкерс 122:105
Лос Анџелес Клиперс - Кливленд Кавалирс 128:111.