спорт

НБА: 18-те поени на Џеди Осман не беа доволни за Кавалирс

- Охриѓанецот Џеди Осман, кој игра за Кливленд Кавалирс, постигна 18 поени и 8 скока, но тие не беа доволни за неговата екипа, Кливленд, која загуби во натпреварот со Филаделфија 76-ерс со резултат 106 : 99

Hüseyin Burak Demirer  | 13.03.2019 - Обновена : 14.03.2019
НБА: 18-те поени на Џеди Осман не беа доволни за Кавалирс

АНКАРА

Во Американска кошаркарска лига (НБА), охриѓанецот Џеди Осман, кој игра за Кливленд Кавалирс, постигна 18 поени и 8 скока, но тие не беа доволни за неговата екипа, Кливленд, да го избегне поразот од Филаделфија 76-ерс со резултат 106 : 99, јавува Anadolu Agency (AA).

Синоќа се одиграа 7 натпревари во НБА. Во борбата меѓу тимовите на Источната конференција, Филаделфија 76-ерс, со желба за подобар пласман и предност на домашен терен во првиот круг на плејоф-фазата, ја порази екипата на Кливленд Кавалирс со резултат 106 : 99, која нема шанси за плејоф.

Во екипата на домаќинот Филаделфија 76-ерс, дабл-дабл постигнаа Бен Симонс со 26 поени, 10 скока, 8 асистенции и Џоел Ембид со 17-те поени, 19 скока, 5 асистенции и 4 блока.

Во екипата на Кавалирс, Колин Секстон постигна 26 поени, Џеди Осман натпреварот го заврши со 18 поени, 8 скока, 4 асистенции и 2 украдени топки, но тоа не беше доволно да го спречат поразот на Кливленд.

Екипата на Милвоки Бакс која во НБА има најдобар резултат од 75% (51 победа и 17 порази), на гостински терен ја совлада екипата на Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 130 : 113.


- Резултати

Индијана Пејсерс - Њујорк Никс: 103 : 98

Филаделфија 76-ерс - Кливленд Кавалирс: 106 : 99

Чикаго Булс - Лос Анџелес Лејкерс: 107 : 123

Њу Орлеанс Пеликанс - Милвоки Бакс: 113 : 130

Далас Маверикс - Сан Антонио: 105 : 112

Денвер Нагетс - Минесота Тимберволвс: 133 : 107

Лос Анџелес Клиперс - Портланд Треил Блејзерс: 104 : 125


- Вечер на програмата

За вечер се закажани 6 натпревари. Се среќаваат:

Оклахома Сити Тандерс - Бруклин нетс

Вашингтон Визардс - Орландо Меџик

Мајами Хит - Детроит Пистонс

Атланта Хоукс - Бруклин нетс

Хјустон Рокетс - Голден Стејт Вориорс

Феникс Санс - Јута Џез



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.