спорт

Лига на шампиони: Јувентус се врати во игра, Шалке 04 катастрофално поразен од Сити

- За денес се закажани последните два натпревара од осминафиналето на Лигата на шампиони. Со почеток во 21:00 часот се среќаваат Барселона - Олимпик Лион (0 : 0) и Баерн Минхен - Ливерпул (0 : 0).

Mutlu Demirtaştan  | 13.03.2019 - Обновена : 13.03.2019
Лига на шампиони: Јувентус се врати во игра, Шалке 04 катастрофално поразен од Сити

ИСТАНБУЛ

Екипите на Јувентус и Манчестер Сити со победи на домашен терен се пласираа во четвртинафиналето на УЕФА Лигата на шампиони, јавува Anadolu Agency (AA).

Синоќа се одиграа две средби од осминафиналето на УЕФА Лигата на шампиони, најпрестижното фудбалско клупско натпреварување во Европа.

Тимот на Јувентус на домашен терен го пречека Атлетико Мадрид, кој во Италија пристигна со предност од 0 : 2 по победата на првата средба.

Sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, постигна „хек-трик“ за својот тим и го понесе Јувентус во четвртинафиналето на Лигата на шампиони.

Роналдо погодоците ги постигна во 27., 48. и 86. минута од натпреварот. Третиот погодок го постигна по ударот од 11 метри. Со овие три погодоци, вклучувајќи ги и погодоците постигнати во групната фаза, Роналдо досега во Лигата на шампиони има постигнато 124 погодоци.

Освен тоа, ова е 8-ми пат Кристијано Роналдо да постигне „хек-трик“ во Лигата на шампиони, приближувајќи му се на Лионел Меси, кој е рекордер во ова натпреварување.


- Манчестер Сити му нанесе катастрофален пораз на Шалке 04

Манчестер Сити, кој на првата средба како гостин извојува победа од 2 : 3, на домашен терен го пречека тимот на Шалке 04.

Првото полувреме Манчестер Сити го заврши со предност од 3 : 0, благодарение на погодоците на Серхио Агуеро во 35. и 38. минута и погодокот на Лирој Сане во 42. минута.

Во второто полувреме Сити направи уште поголема предност со погодоците на Рахим Стерлинг во 56. минута, Бернардо Силва во 71. минута, Фил Фоден во 78. и Габриел Џесус во 84. минута од натпреварот, за конечни 7 : 0.

- Денес на програмата во УЕФА Лигата на шампиони

За денес се закажани уште два натпревара од осминафиналето на Лигата на шампиони. Со почеток во 21:00 часот се среќаваат Барселона - Олимпик Лион (0 : 0) и Баерн Минхен - Ливерпул (0 : 0).

Покрај Јувентус и Манчестер Сити, претходно пласман во четвртинафиналето на УЕФА Лигата на шампиони обезбедија Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Ајакс и Порто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.