Emre Doğan
25 Април 2017•Ажурирај: 26 Април 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешниот женски тениски рекет број 1 во светот, руската тенисерка Марија Шарапова, по 15 месечната забрана играње тенис на светските турнири поради користење на допинг, својот прв меч ќе го има на турнирот Штутгарт Опен, по посебна покана од организаторот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во примерокот земен од Шарапова на 26 јануари минатата година, антидопинг комисијата пронајде забранета материја „мелдониум”, поради што руската тенисерка беше казнета со 15 месечна забрана играње тенис на светските турнири. Натпреварувањето во Штутгарт ќе биде прв официјален меч за Шарапова, по поразот од Серана Вилијамс на Австралија Опен во 2016 година.
Шарапова во својата кариера има освоено пет гренд слем тутули на големите светски турнири, Роланд Гарос (2012, 2014) Вимблдон (2004) САД Опен (2006) и Австралија Опен (2008). Утре по 15 месечна пауза ќе го одигра својот прв меч против италијанката Роберта Винчи.
Турнирот во Штутгарт кој е подржан од Женската тениска асоцијација (ВТА) е со вкупен награден фонд од 710.900 долари, а на него покрај Шарапова ќе учетвуваат втората на светската листа на тенисерки, Анџелик Кербер, Каролина Плискова (3), Доминика Цибулкова (4), Симона Халеп (5), Гарбиње Мугуруса (6), Јохана Конта (7), Агњешка Радвањска (8) и Светлана Кузњецова (9).
Еден од условите кои треба да ги исполнат тенисерките за да можат да настапат на еден турнир е учество на 3 тениски турнири и во последните 52 недели да имаат освоено најмалку 10 бодови. Бидејќи Марија Шарапова во октомври 2016 година беше исклучена од светска листа на тенисерки, на турнирите Штутгарт Опен, Мадрид Опен и Италија Опен, ќе учествува со посебна покана од страна на организаторот.