спорт

Мане испрати 300 дресови на Ливерпул во родното село Бамбали

„Ќе се вратам по Светското првенство и се надевам дека на сите ќе можам да им го покажам медалот од Лигата на шампиони“

Dejan Maksimoviç  | 25.05.2018 - Обновена : 26.05.2018
Мане испрати 300 дресови на Ливерпул во родното село Бамбали

Kiev

КИЕВ (АА) - Садио Мане (26), фудбалерот на Ливерпул, пред финалето на Лига на шампионите против Реал Мадрид на Олимпискиот стадион во Киев испрати 300 дресови на својот клуб во селото Бамбали во кое е роден, пренесува Anadolu Agency (AA).

Мане испрати дресови во родниот крај во јужниот дел на Сенегал, за да можат неговите пријатели и семејството да навиваат во идентични дресови во какви тој ќе се спротивстави на Реал.

Мане последното финале на Ливерпул од 2005 година го гледаше во родното село со пријателот Јусуф Диато, кој е голем навивач на „Црвените“. Во тоа време крилниот фудбалер навиваше за Барселона, па беше неутрален за време на епското финале меѓу Ливерпул и Милан.

„Се сеќавам дека бев со мојот голем пријател и на 3:0 за Милан тој беше потполно избезумен. Престана да го гледа натпреварот и трчајќи побегна. Се врати кога натпреварот беше завршен и не можеше да верува. Дури и денес не може да верува дека тоа се случило“, изјави Мане и додаде:

„Ме замоли овој пат да не биде 0:3. Да играм во финале е прекрасна работа во мојот живот. Се надеваме дека ќе победиме“.

Ливерпул во финалето 2005 година во второто полувреме стигна до 3:3, а потоа по продолжетоците и пеналите стигна до петтата титула шампион на Европа.

Додека Мане во Киев се бори за титулата шампион на Европа, Диато натпреварот ќе го гледа преку тв-екраните во Сенегал, навивајќи за својот пријател од детството, заедно со неговите роднини во Бамбали.

„Моето семејство и понатаму живее таму. Мојата мајка и вујко. Сите ќе го гледаат натпреварот, никој во селото нема да работи тој ден. Ќе се вратам по Светското првенство и се надевам дека на сите ќе можам да им го покажам медалот од Лигата на шампиони“, рече оптимистично Мане.

Финалето на Лигата на шампиони меѓу Реал и Ливерпул ќе се игра во сабота навечер со почеток во 20:45 часот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın