спорт

Ливерпул, светски рекордер според приходот

Овој англиски тим минатата година, со приход од 125 милиони фунти пред оданочувањето, го урна светскиот рекорд

Yunus Kaymaz  | 08.02.2019 - Обновена : 08.02.2019
Ливерпул, светски рекордер според приходот

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Англискиот премиерлигаш Ливерпул со минатогодишниот приход го урна светскиот рекорд, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението што го објави клубот се вели дека според британските медиуми, клубот Ливерпул до 31 мај 2018 година, пред плаќањето на едногодишните даноци, со приходот од 125 милиони фунти го урнал светскиот рекорд.

Клубот, кој минатата година играше во финалето на Лигата на шампиони, од УЕФА доби прилив на средства од 72 милиони фунти. Ливерпул во јануари, за трансферот на Филипе Кутињо во Барселона, доби обесштетување од 142 милиони фунти, со што годишниот приход од 90 милиони го зголеми на 455 милиони.

„Црвените“ пред плаќањето на едногодишните даноци, приходот од 40 милиони фунти, колку што изнесуваше претходно, го зголемија за 300 отсто, односно на 125 милиони фунти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.