спорт

Познати кошаркарите што ќе настапат на Ол-стар натпреварот

Познати се играчите што ќе настапат во тимовите во кои капитени ќе бидат Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс и Јанис Адетокунбо од Милвоки Бакс

Yunus Kaymaz  | 08.02.2019 - Обновена : 09.02.2019
Познати кошаркарите што ќе настапат на Ол-стар натпреварот

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Познати се играчите коишто на Ол-стар натпреварот ќе настапат за тимовите на Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс и Јанис Адетокунбо од Милвоки Бакс, јавува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението што на интернет го објавија организаторите на овој кошаркарски спектакл, познат е играчкиот кадар што ќе настапи на 68. Ол-стар натпревар на 17 февруари, кој ќе се игра во салата „Спектрум центар“ во Шарлот.

Составот на тимовите е следен:

Тимот на Леброн Џејмс: Кевин Дурант (Голден Стејт Вориорс), Џејмс Харден (Хјустон Рокетс), Кари Ирвинг (Бостон Селтикс), Кавај Леонард (Торонто Репторс).

Резерви: Ентони Дејвис (Њу Орлеанс Пеликанс), Клеј Томсон (Голедн Стејт Вориорс), Дејмијан Лилард (Портланд Треил Блејзерс), Бен Симонс (Филаделфија Севентисиксерс), Ламаркус Олдриџ (Сан Антонио Спарс), Карл Ентони Таун (Минесота Тимберволвс), Бредли Бил (Вашингтон Визардс), Двејн Вејд (Мајами Хит).

Тимот на Јанис Адетокунбо: Стефен Кари (Голден Стејт Вориорс), Џоел Ембид (Филаделфија Севентисиксерс), Пол Џорџ (Оклахома Сити Тандер), Кемба Вокер (Шарлот Хорнетс).

Резерви: Крис Мидлтон (Милвоки Бакс), Никола Јокиќ (Денвер Нагетс), Никола Вучевиќ (Орландо Меџик), Расел Вестбрук (Оклахома Сити Тандер), Блејк Грифин (Детроит Пистонс), Д’Андџело Расел (Бруклин Нетс), Кајл Лаури (Торонто Репторс), Дирк Новицки (Далас Маверикс).


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.