спорт

Њујорк Никс му дадоа отказ на бегалецот на ФЕТО, Енес Кантер

Изјавите на Кантер против Турција и пружањето поддршка на терористичката организација предизвикаа големи реакции. Кантер по обидот на ФЕТО за пуч соопшти дека своето презиме го променил во Ѓулен.

Yunus Kaymaz  | 08.02.2019 - Обновена : 09.02.2019
Њујорк Никс му дадоа отказ на бегалецот на ФЕТО, Енес Кантер

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - НБА-тимот „Њујорк Никс“ ја прекина соработката со Енес Кантер, кошаркарот познат по блискоста со водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од клубот „Њујорк Никс“ се наведува дека овој клуб веќе не е заинтересиран за услугите на Кантер.

Кантер е познат по изјавите во кои ја истакнува својата преданост кон Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО, одговорна за обидот за пуч во Турција, во јули 2016 година.

Неговите изјави против Турција и пружањето поддршка на терористичката организација предизвикаа големи реакции. Кантер по обидот на ФЕТО за пуч соопшти дека своето презиме го променил во Ѓулен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.