Ekipa
20 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
КОЛУМБИЈА (АА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, ќе донира пари за изградба на детска болница во Чиле, јавува Anadolu Agency (AA).
Адвокатите кои го застапуваат напаѓачот од Реал Мадрид, соопштија дека Роналдо ќе финансира изградба на дел од болница во Сантјаго, главниот град на Чиле.
Завршувањето на изградбата на детската болница е планирано за 2020 година.
Португалскит фудбалер во изградбата на болницата ќе учествува заедно со италијанскиот бизнисмен Алесандро Прото.
Роналдо и претходно учествуваше во слични хуманитарни проекти, вклучувајќи и лечење на деца заболени од тешки болести.